Connect with us

Футсал: Македонија поразена од „аѕурите“ во Катанија

Футсал репрезентацијата на Македонија загуби од Италија со 6-3 во квалификациите за пласман на СП 2024. На дуелот во Катанија, македонскиот состав беше жилав ривал, се враќаше во игра трипати, но во второто полувреме сепак „аѕурите“ стигнаа до триумф.
Чутрупи во третата минута донесе предност за Италија, а Крстевски израмни три минути подоцна.
Во осмата минута Италија повторно поведе преку Мусумечи, а Петровиќ донесе ново израмнување.
Марчело и третпат носи предност за „аѕурите“ пред полувремето, а Ранготов одговори во 22.минута.
Повторно Марчело се погрижи за предност за Италија во 24. минута носи ново водство, а Мота зголеми на два гола разлика (5-3). Пред крајот Калдероли го постави конечниот епилог.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови