Connect with us

Чави од следната сезона ќе го предводи Челси?

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, би можел да го преземе Челси од следната сезона, објавија британските медиуми.


На раководството на англискиот клуб му се допаѓа работата на шпанскиот тренер, кој ќе се раздели со Барса по завршувањето на актуелната сезона во Ла Лига.

Челниците на шампионот на Шпанија за 2023 година не сакаат да го пуштат стратегот бидејќи се задоволни од неговата работа. Сепак, тој изјави дека нема да се премисли и дека останува на одлуката за заминување донесена во период кога на тимот не му одеше најдобро.

Њукасл исто така е заинтересиран за потписот на 44-годишниот стручњак, кој со шпанската репрезентација како фудбалер стана европски и светски шампион.

Челси моментно се наоѓа на 11. место на табелата во Премиер-лигата со 39 бода. Менаџер на „сините“ моментно е Аргентинецот Маурисио Покетино, кој често е критикуван од медиумите во Англија и навивачите на главниот град.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови