Connect with us

Бразилците се спасија од пораз на „Бернабеу“, Французите подобри од Чиле (ВИДЕО)

Шпанија и Бразил одиграа одличен меч на „Сантијаго Бернабеу“ и на крајот ремизираа, 3-3. Бразилците се спасија од пораз во 97.минута, откако Лукас Пакета реализира пенал за израмнување.

Родри беше двоен стрелец за Шпанија исто така од пенал, а погоди и Дани Олмо во 36.минута.

Родриго и младиот Ендрик беа стрелци за Бразил, пред Пакета од пенал да донесе израмнување, 3-3.

Франција и Чиле исто така одиграа ефикасен натпревар, а славеа „триколорите“ со 3-2. Марселино Нуњез го доведе Чиле во водство, но Фофана и Коло Муани се погрижија за пресврт. Оливие Жиру зголеми на 3-1, а конечниот резултат го постави Осорио.

Хрватска славеше против Египет на гости со 2-4. Влашиќ, Петковиќ, Крамариќ и Ловро Мајер беа стрелци на головите за Хрватска.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови