Connect with us

Алегри: Ќе биде кукавички сега да си заминам од Јувентус

Последните неколку дена беа ноќна мора за Јувентус. Во четвртокот тимот беше драматично елиминиран во полуфиналето на Лига Европа, а вчера на „бјанконерите“ им беа одземени 10 бода поради фалсификување на капитални добивки.


Веста дојде неколку минути пред гостувањето кај Емполи, кое „старата дама“ го загуби со 4-1. Сето ова го налути тренерот Масимилијано Алегри, кој смета дека третманот кон клубот е неправеден.

„Не треба да бараме изговори бидејќи ние сме Јувентус и навикнати сме да победуваме или барем секогаш да се трудиме да победуваме. Ни остануваат уште два натпревари и мора да се подготвиме за домашниот дуел на Милан. Чудно беше да се дознае за казната само 10 минути пред мечот со Емполи. Примивме гол од првиот напад на противникот, па потоа уште еден. Не ги искористивме нашите шанси да се вратиме во мечот. Тоа не го оправдува фактот дека имаме ментален слом. Нека биде јасно дека пред овој меч имавме 69 бодови и бевме втори на табелата“, изјави Алегри.

„Мораме да разговараме со управата и да дознаеме каде ќе играме. Не знам ни дали ќе не пуштат во Лига Европа. Мора да почекаме. Планот е еден кога играш во европските натпреварувања, а сосема друг ако не учествуваш во нив. Ќе бидам кукавица ако го напуштам Јувентус сега. Да, во моментов сум разочаран, но не можам да ги обвинувам играчите бидејќи околностите постојано се менуваа“, истакна тренерот на Јувентус.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови