МАКФУДБАЛ на ЕВРО во Амстердам,
Никола Ѓуровски
Натпреварот против Холандија денеска на легендарната „Јохан Кројф“ арена за македонската фудбалска репрезентација ќе има историски карактер. Не само поради можноста да се забележат први бодови на континентален собир и тоа против маркантен противник туку пред и над се поради збогувањето на КАПИТЕНОТ.
За Горан Пандев, предводникот на оваа генерација која го донесе најголемиот успех, дуелот во Астердам ќе биде збогување со националниот дрес.
Оваа како можност беше одамна извесно, а Пандев вчера и го потврди.
Затоа дуелот и битката со Холанѓаните денеска ќе биде со посебен мотив за сите во репрезентацијата. Затоа што е крај на една ера, на едно време чиј симбол беше Пандев.
Од натпреварувачки аспект, за нас средбата е можност за покажување заби и за потврда дека не сме залутани на Европското првенство, туку репрезентација на респектабилно ниво која се носи и со најсилните противници.
Холандија извесно е дека нема многу да се троши, со оглед на обезбедениот пласман во осминафиналето и претстојните важни битки за прогрес во повисок стадиум од натпреварувањето.
Со овој дуел, македонската фудбалска репрезентација го завршува историскиот дебитантски настап на Европското првенство.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski