Connect with us

Втора лига Запад: Воска го порази Вардар во дербито, Силекс убедлив

Воска Спорт оствари голем триумф (2-1) над Вардар во дербито на колото и сега има пет бода предност во однос на „црвено-црните“ во трката за второто место кое води во бараж за пласман во елитата.

Тимот на Раде Цицмиловиќ успеа многу брзо да стигне до водство со голот на капитенот Изаир Емини кој погоди во третата минута. Елмир Алији во 43.минута ја зголеми предноста на 2-0, а Вардар до крајот само успеа да намали со голот на Трајче Стојковски во 87.минута од дуелот.


Силекс продолжува да гази и цврсто го чува врвот. Кратовскиот тим славеше со 3-0 на домашен терен против Охрид Лихнидос. Антонио Каланоски беше двоен стрелец, а погоди и Ѓорѓи Танушев.

Тетекс оствари гостинска победа (0-1) против Кадино со голот на Дамјан Масевски, а Велешта и Кораби одиграа 2-2. Гостите поведоа со головите на Берат Исмаил и а Ујкан Муча, а Велешта возврати преку Арбен Тафа и Нијас Лена.

Беса и Гостивар ремизираа 1-1. Егзон Азири во деветтата минута обезбеди предност за домаќинот, а израмни Артан Велиу во 85.минута од мечот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови