Connect with us

Втора лига Запад: Скопје супериорен во Гостивар, победи за Охрид и за Велешта

Новиот прволигаш Скопје покажа супериорност и на гостувањето во Гостивар. Тимот на Љупчо Марковски славеше со 2-4 на тешкото гостување и го откажа домашниот тим од можноста за бараж. Артан Велиу донесе предност за Гостивар во седмата минута, но потоа Мустафа Јусуф со два гола се погрижи за пресврт во 25. и во 38.минута.

Владимир Жоглев и Иво Јанакиевски ги разрешија сите дилеми, а Џемаил Есати погоди за Гостивар во вториот дел.

Охрид со 3-0 го совлада Кадино. Шериф Реџепи постигна хет – трик за домашниот тим и го наметна Охрид како главен кандидат за бараж за елитата. Велешта со 2-1 славеше против Велазерими. Албулен Имери во 18.минута донесе предност за гостите, а потоа Алтин Лога со два гола од белата точка се погрижи за пресврт.

Кораби го совлада Тетекс со 3-0.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови