Борец ќе биде есенски првак во Втората лига Исток, но на самиот крај го расипа малку впечатокот со првиот пораз. Велешкиот второлигаш загуби со 2-1 од Кожуф и со пет бода предност во однос на Тиквеш ќе оди на ’зимски распуст’. Тиквеш одигра 1-1 на гостувањето во Штип против Брегалница.
Марјан Ристовски со два гола го потопи Борец во второто полувреме, а Симеон Христов успеа да постигне почесен погодок од пенал во 77.минута од натпреварот.
Во Штип, Брегалница поведе со голот на Иве Трифуновски во 35.минута, а израмни Александар Мишов на стартот на вториот дел.
Кит Го беше убедлив против Детонит и славеше со 4-0. Иван Настевски, Мартин Стојанов, Иле Синев и Александар Темелков беа стрелци за домашниот тим.
Плачковица со 2-0 го совлада Партизан Обршани, а Вардар Неготино и Каменица Саса ремизираа, 1-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Интер Мајами го доведе Серхио Регилон
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













