Работнички оствари триумф (3-1) над Силекс во 32.коло од Првата фудбалска лига, заокружувајќи го на најдобар начин последниот меч од овој шампионат на Националната арена „Тодор Проески“.
Шефот на стручниот штаб Александар Влахо е задоволен од изданието на тимот и триумфот, а посебно ја потенцира добрата игра на младите фудбалери кои треба да бидат носители во следната сезона.
„Одигравме квалитетен натпревар против Силекс, иако можеби на почетокот малку деконцентрирано влеговме во дуелот. Примивме гол по една индивидуална грешка, но тимот покажа карактер, брзо се вративме и израмнивме, а потоа имавме уште неколку шанси . Во второто полувреме постигнавме уште два гола за триумф, а посебно сум среќен затоа што на овој меч играа петмина фудбалери помлади од 21 година кои беа одлични претставуваат светла иднина на клубот Би ги потенцирал Марио Станковски и Методи Максимов, но и сите останати. Тие треба да бидат носители на играта на Работнички во следната сезона. Ни престанува максимално одговорно да го одиграме и последното коло од шампионатот, гостуваме на Ренова во Тетово и ќе се обидеме и на овој меч да одиграме најдобро што знаеме“, вели Александар Влахо за официјалниот сајт на клубот.
Во последното коло, „романтичарите“ ќе и гостуваат на Ренова во Тетово.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski