Connect with us

Верона му го нанесе првиот пораз на Мурињо на клупата на Рома (ВИДЕО)

Победничката серија на Жозе Мурињо на клупата на Рома заврши во Верона. „Волчицата“ иако имаше водство на полувремето, на крајот загуби со 3-2.

Лоренцо Пелегрини во 39.минута донесе водство за Рома, но Верона возврати преку Антонин Барак и Џанлука Капрари. Потоа следеше автоголот на Иван Илиќ за израмнување, а Давиде Фараони донесе триумф за Верона со голот во 63.минута.

Лацио одигра 2-2 на домашен терен против Калјари. Чиро Имобиле го отвори резултатот, Калјари направи пресврт со головите на Жоао Педро и на Кеита Балде, а Данило Каталди сепак донесе бод за „лацијалите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови