Ваучер системот за спортот останува во функција, но во унапредена верзија. Како што најави министерот за финансии, Фетмир Бесими, од следната година ваучерот ќе се исплаќа директно од државата, а не како досега, преку компании од данок на добивка. Тоа предизвика многу аномалии.
„Одиме со поинакво решение. Ваучер системот нема да оди преку поддршка и ослободување од даночната обврска. Ваучерите ќе се реализираат преку програма на влада, директно како поддршка од буџетот. Институцијата што ќе го реализира тоа дополнително ќе се прецизира преку законот. Остануваат донациите за спортот од страна на стопанството и даночното ослободување како и за сите други јавни услуги што ги прави стопанството. Ќе можат фирмите да го користат даночното олеснување за донациите во спортот. Оваа важна категорија за поддршка на спортот останува, но со изменет систем затоа што досегашното решение во пракса создава црн пазар“, изјави министерот за финансии.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski