Connect with us

Траоре ќе биде првото засилување на шампионскиот Челси?

Адама Траоре се појави како изненадувачка трансферна цел на тренерот на Челси, Томас Тухел. Германскиот стратег сака да ја зголеми конкуренцијата на десната странична позиција, известуваат англиските медиуми.

И покрај одличната игра на Рис Џејмс во финалето од Лигата на шампионите, Тухел сака дополнително да ја подобри десната страна, како во одбраната, така и во нападот, а идеалното решение го гледа во ѕвездата на “волците”.

Ова треба да биде дел од уште една масовна трансфер – кампања на “Стемфорд Бриџ”, со оглед дека Германецот е подготвен да изврши голема револуција во составот на “сините”, но и да дозволи продолжување на договорите на клучните фудбалери. На листата на нови потенцијални засилувања се спомнуваат и Ромелу Лукаку од Интер и Деклан Рајс од Вест Хем.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови