Connect with us

Трагедија во српскиот фудбал: Почина спортскиот директор на Војводина

Трагедија во српскиот фудбал. Почина спортскиот директор на Војводина, Милан Косановиќ, поради компликации од коронавирусот.


Само еден ден по информацијата дека спортскиот директор на Војводина, Милан Косановиќ, бил примен во болница поради компликации предизвикани од коронавирусот, денеска пристигна уште пострашна вест.
За жал, Косановиќ не успеа да ја добие оваа битка, тој почина во Клиничкиот болнички центар во Нови Сад, на 50-годишна возраст.


Пред да дојде на споменатата позиција во Војводина, Косановиќ работеше и во Црвена звезда, каде што ја извршуваше функцијата помошник тренер во стручниот штаб на Владан Милојевиќ и беше дел од историските успеси на европска сцена. Со Милојевиќ работеше неколку месеци во Саудиска Арабија, пред да дојде во Војводина. Веста за смртта на Косановиќ беше потврдена и на официјалната веб-страница на клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови