Connect with us

Тотенхем со пресврт до три бода против Њукасл (ВИДЕО)

Тотенхем беше поуспешен од новиот најбогат тим во фудбалот, Њукасл со 2-3 на гостински терен. Рано, уште во втората минута, Винсон погоди за водство на домаќините, пред очите на новиот сопственик, принцот Мохамед бин Салман од Саудиска Арабија.

Сепак, радоста на “чавките” не траеше долго, па само 15 минути подона, Регулјон со прецизен пас, го пронајде Ндомбеле, кој успеа да упати нескротлив шут во мрежата на Дарлоу. За целосен пресврт на резултатот пред крајот на првото полувреме, “виновници” беа Кејн и Сон.

Англискиот репрезентативец доби одлична топка во 22. минута од средината, па се што остана, беше тој да ја подаде ногата за да го постигне првиот погодок во Премиер – лигата оваа сезона. Кејн се запиша и во листата на асистенти, бидејќи му асистираше на Сон на неколку секунди пред паузата.

Конечниот резултат го постави уште еден фудбалер на “спарс”, кој несреќно си постигна автогол во 89. минута. Познато, натпреварот на „Сент Џејмс парк“ меѓу Њукасл и Тотенхем беше во прекин 20 минути бидејќи беше укажано дека еден навивач колабирал, па тој мораше итно да биде пренесен во болница.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови