Connect with us

Стефан Ристовски на зима се враќа во Ријека?

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски е во немилост на тренерот Рубен Аморим во Спортинг Лисабон и во зимскиот преоден рок и дефинитивно ќе мора да замине од португалскиот клуб за да фати натпреварувачки континуитет во подготовките за историскиот настап на Македонија на Европското првенство. Во Хрватска, неговиот брат Милан Ристовски ја најавува можноста за враќање во Ријека. 

„Јас постојано го провоцирам да се врати, а тој ми вели дека многу малку му треба…“, изјави Милан Ристовски, можеби и најавувајќи го враќањето на неговиот повозрасен брат во Ријека, каде што се уште ужива статус на добредојден и максимално го респектираат. 

За Стефан Ристовски во летниот преоден рок имаше интерес и од италијанските калчолигаши Сасуоло, Беневенто и Парма, како и од шпанскиот клуб Валјадолид. Се споменуваше дури и заминување во Русија, но Стефан Ристовски одлучи да го одработува договорот во Спортинг Лисабон. Сепак, тренерот Рубен Аморим го префрли во резервниот тим. 

      

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови