Connect with us

Шкендија загуби убедливо од Динамо Загреб

Македонскиот прволигаш Шкендија доживеа убедлив пораз (0-3) од хрватскиот првак Динамо Загреб на пријателскиот натпревар во Лендава. Тимот на Артим Шаќири не можеше да им се спротистави на „модрите“ кои се можен ривал на Шкупи во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Аријан Адеми и Стефан Ристовски добија одредена минутажа во тимот на Динамо.

Јосип Дрмиќ во 16.минута го отвори резултатот, а Комнен Андриќ во 54.минута зголеми на 2-0. Третиот гол за Динамо Загреб беше дело на Бруно Петковиќ во 82.минута од мечот.

Шкендија го почна натпреварот со следниот тим: Захов, Мурати, Бејтулаи, Цаке, Незири, Рамадани, Дита, Шала, Хасани, Елези, Гури.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови