Connect with us

Севилја е „мајстор“ за трофеи во Лига Европа, на пенали ја победи Рома на Мурињо (ВИДЕО)

Севилја е претплатена за трофеи во Лига Европа. Андалузијците успеаја да го освојат пехарот и во вечерашното финале во ова натпреварување, откако после пенали ја победија Рома со 4-1. Мансини и Ибањез не успеаја да ги реализираат пеналите за Рома, а Хозе Луис Мендилибар, тренерот на Севилја, му го нанесе првиот пораз на Жозе Мурињо во европските финални натпревари.

Монтиел го постигна последниот пенал за Севилја, но дури откако ударот беше повторен. Во првиот обид Руи Патрисио го одбрани неговиот шут, но, сепак, не беше со едната нога на гол-линијата како што велат правилата.

Во регуларниот тек, мечот на „Пушкаш арена“ заврши 1-1. Пауло Дибала ја доведе Рома во водство во 35.минута, а Севилја израмни со автоголот на Џанлука Мансини во 55.минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови