Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година оствари убедлива победа (5-1) против Бугарија во последниот трет натпревар од пријателскиот турнир во Анталија. По поразот од Казахстан (1-2) и ремито со Словачка (2-2), новите пулени на Боби Милевски конечно одиграа според очекувањата и квалитетот.
Македонија поведе во десеттата минута, откако гостинскиот голман Вуцов ја боксуваше топката, а во продолжението од акцијата погодок постигна Илиевски. Во 30.минута, селекцијата на Милевски зголеми на 2-0, со голот на Гроздановски.
Бугарите намалија на 2-1 на почетокот на второто полувреме преку Јанков, но до крајот доминираше Македонија.
Во 58.минута, Македонија постигна трет погодок по одличната реакцијата на Методи Максимов, а потоа фудбалерот на Работнички со удар со глава зголеми на 4-1 во 76.минута. Петтиот гол беше дело на Калкан, во 80.минута од натпреварот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski