Connect with us

Роналдо останува во Јуве, но само додека ПСЖ не даде понуда…

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо пристигна на тренинзите на Јувентус, ги изврши задолжителните лекарски прегледи и почна со клупските активности. Иако Павел Недвед потенцираше дека Роналдо ќе остане во дресот на „старата дама“ и во новата сезона, сепак, се уште има мистерија околу неговиот иден престој во Торино.

Италијанските медиуми откриваат дека Роналдо сепак размислува за заминување и тоа во Пари Сен Жермен. Неговото заминување се очекува само доколку Килијан Мбапе направи трансфер во Реал Мадрид. Тогаш „светците“ би тргнале по Роналдо, а можеби Мауро Икарди би се преселил во Јувентус.

Засега молк во Торино. Роналдо молчи и работи, а и раководството тврди дека Португалецот е член на клубот и нема никакви драматични промени.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови