Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 15 години ремизираше без голови на вториот пријателски натпревар против соодветната селекција на Полска.
На вториот контролен дуел, нашата репрезентација имаше две убави прилики за погодок, но Елези и Гуџуфи не успеаја да го совладаат голманот на Полска.
Претходно, на првиот тест дуел пред два дена, избраниците на Добринко Илиевски победија со 2-1. Бесарт Гуџуфи беше стрелец на двата погодоци за Македонија.
Македонија до 15 години: Васко Василев, Мирче Стоилов, Марко Ристов, Бленд Зекири, Енис Буки, Матеј Ангелов, Алмир Ода, Матеј Ѓоргиев, Георг Стојановски, Дашмир Елези, Бесарт Гуџуфи; Стефан Тасев, Игор Јаневски, Максим Милошевски, Донарт Ибраими, Марко Тренвски, Виктор Боневски, Мите Митев, Михаил Талевски, Меметриза Хамза.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја оствари најубедливата победа во осмото коло откако со 6-0 го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга ТЛ)
Потсети дека некогаш беше и македонски репрезентативец. И сѐ уште има раскошен репертоар на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Дани Карвахал ќе потпише за Хетафе
Евро-фудбал
Рафиња потпишува нов договор со Барселона
Млади репрезентации
Младите фудбалери поразени од Шведска













