Connect with us

Рајс: Знаеме што треба да направиме, да излеземе и да го победи Сити на „Итихад“

Играчот од средниот ред на Арсенал, Деклан Рајс, зборувапе за претстојниот дерби натпревар на „топчиите“ од 29. коло на Премиер – лигата против актуелниот шампион Манчестер Сити.


„Оваа сезона секако бевме во некои навистина тесни ситуации на натпревари каде, доколку не победевме, ќе почневме да заостануваме зад тимовите на врвот на табелата. Го чувствуваме тој притисок пред натпреварите, знаеме дека треба да излеземе и да направиме сѐ што можеме за да победиме. Навистина се мотивирам во тие моменти, па се надевам дека ќе продолжиме да имаме вакви натпревари. Тоа е местото каде што ќе научите повеќе за себе и, се разбира, за тимот“, изјави Рајс.

Арсенал в недела му гостува на Манчестер Сити на „Итихад“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови