Македонскиот прволигаш Работнички ремизираше без голови против косовскиот тим Гњилане во последниот тест на подготовките во Охрид. Во пеколни услови, на стадионот во Струга, двете екипи прикажаа сепак квалитетна игра. Кристијан Стојкоски во 22.минута излезе сам пред противничкиот гол, но голманот на Гњилане успеа да одбрани.
Во вториот дел, капитенот на Гњилане, Прогни, го погоди дирекот од голот на Бурхан Мустафа.
Работнички настапи во следниот состав: Мустафа, Илиевски, Ристевски, Позњак, Ристовски, Тодоровски, Османоски, Л. Станковски, Стојкоски, Тантуровски, М. Станковски: Уште играа: Кировски, Стојков, Сухељ, Лазаров, Ангелов, Хајдари, Трајановски, Баџи.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski