Црногорскиот интернационалец Момчило Рашо е најновото засилување за Работнички. Тој се враќа во таворот на „романтичарите“ по пауза од три години и потпиша едногодишен договор. Одлично ја познава средината и ќе претставува засилување за одбранбениот дел од тимот.
Рашо (24) доаѓа од редовите на српскиот прволигаш Раднички Крагуевац и утре заминува со тимот на подготовки во Анталија.
„Драго ми е што се враќам во Работнички, многу добро знам каков рејтинг има Работнички во Македонија и на меѓународна сцена. Се надевам дека ќе дадам полн придонес за успешна пролет на тимот“, изјави Момчило Рашо за официјалниот сајт на клубот.
Централниот дефанзивец играше во Работнички во периодот од 2016 до 2018 година. Во кариерата има настапувано и за Дечиќ (Црна Гора), Усти над Лабем (Чешка), АЕЛ Лимасол (Кипар), Јелгава (Летонија) и Раднички Крагуевац (Србија).
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski