Connect with us

ПСЖ сака нов договор со Лионел Меси

Францускиот првак ПСЖ сака да го продолжи договорот со аргентинската ѕвезда Лионел Меси, пренесува „Л’Екип“. Раководството на клубот ќе започне преговори со 35-годишниот Аргентинец за продолжување на неговиот престој во Париз и по завршувањето на оваа сезона.


Актуелниот договор на Меси истекува во летото 2023, а во ПСЖ се уверени дека ќе биде потпишан нов договор за уште една сезона.

Минатата сезона тој одигра 34 натпревари за францускиот тим, постигнувајќи 11 голови и 15 асистенции. За прв пат по 2005 година, Аргентинецот не се најде меѓу номинираните за „Златната топка“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови