Connect with us

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Триумф на Шкупи, реми на Ренова, пораз на Работнички

Искористувајќи ја паузата поради репрезентативните настапи, Шкупи денеска во пријателски натпревар славеше убедливо со 5-1 против Беса.

Головите во победата на чаирчани ги постигнаа Бајрами, Кривањева, Исмаили, Дембо и Рамани. По подолга пауза поради повреда на денешниот пријателски натпревари на теренот се врати голманот Игор Алексовски, а по двомесечна пауза повторно на терен се врати и Бесар Исени.

Во сабота (7. септември) Шкупи на стадионот во Чаир ќе одигра пријателски натпревар и со екипата на Ал Батаех.

Во Кичево, пак, екипата на Ренова ремизираше (2-2) со албанскиот прволигаш Кастриоти. Головите за „гипсарите“ ги постигнаа Љутви Билали и Ремзифаик Селмани.

Во Скопје, на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари Работнички, кој настапи во комбиниран состав, загуби од Ал Хумрија од Обединетите Арапски Емирати со 1-2. Стрелец  на погодокот за „романтичарите“ беше Јаго.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови