Connect with us

Повторно хаос во Манчестер, навивачите на „црвените ѓаволи“ го блокираа автобусот на Ливерпул

Лутите ривали Манчестер Јунајтед и Ливерпул вечерва треба да го одиграат големото англиско дерби на „Олд Трафорд“ кое требаше да се одигра на втори мај, но беше одложено поради немирите и упадот на навивачите кои протестираа против водењето на клубот од страна на сопствениците Глејзер.

Натпреварот беше одложен и истиот треба да биде одигран вечерва, но повторно има проблеми низ улиците во Манчестер, откако навивачите на Јунајтед го блокираа автобусот на Ливерпул. Доколку ситуацијата не се реши или излезе од контрола тогаш можно е натпреварот да започне со доцнење според пишувањето на англиските медиуми.

Ливерпул е под голем притисок и вечерва треба да извојува победа, доколку сака и следната сезона да игра во Лигата на шампиони.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови