Connect with us

Гвардиола: Притисокот е огромен, немаме право на грешка

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, беше воодушевен од победата над Брајтон од 0-4. Тој призна дека неговиот тим во моментов е под голем притисок бидејќи не може да греши на натпреварите до крајот на сезоната доколку сака повторно да ја освои титулата.


„Пораката од овој натпревар се трите бода, тоа е сѐ. Под притисок сме. Знаеме дека ако не победиме, дури и ако одиграме нерешено, можеби нема да можеме да се бориме за титулата. До крајот има уште пет натпревари, време е да размислуваме за следниот“, рече Гвардиола.

Тој не брза да го отпише Ливерпул од битката за титулата и покрај поразот „црвените“ во дербито со Евертон (0-2).

„Тоа што му се случи на Ливерпул може да ни се случи и нам, може да му се случи на Арсенал. Никој не е имун. Евертон се бори за својот живот, а сега ние играме со Нотингем, кој исто така се бори за опстанок. Тие ќе се борат до крај, ние мора да го сториме истото. Сакам да верувам дека искуството ќе ни помогне. Тоа што се случи во минатото не значи дека ќе се случи и во иднина“, додаде Шпанецот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови