Connect with us

Марота купува три засилувања за уште посилен Интер наредната сезона

Интер доминантно мина низ целта во Серија А, освојувајќи ја 20. титула во Италија. „Нероаѕурите“ бурно го прославија големиот успех, но раководството на клубот веќе размислува и за летниот преоден рок.


Планот на Џузепе Марота е јасен, директорот на Интер сака да заработи 100 милиони евра со продажба на некои фудбалери и со тие пари да купи тројца нови играчи.

Прв на листата за продажба е Дензел Дамфрис, десниот бек на „нераѕурите“, а познато е и триото кое треба да биде доведено во пресрет на следната сезона.

Тоа е Бенто, голманот на бразилскиот Атлетико Паранаинсе, потоа Алесио Бонџорно, стоперот на Торино, како и и Алберт Гудмунсон, напаѓачот на Џенова.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови