Connect with us

Поради Заниоло пропадна доаѓањето на Душан Тадиќ во Рома

Капитенот на Ајакс и српски репрезентативец Душан Тадиќ беше на прагот да се пресели во Рома, но сѐ пропадна поради Николо Заниоло, пренесува италијанскиот медиум „Кориере дело спорт“.
Рома се договорила со Тадиќ да пристигне на позајмица до крајот на сезоната, но зделката е стопирана бидејќи Заниоло одби да се пресели во Борнмут.


„За жал, Заниоло ќе остане во Рома. Велам за жал, затоа што тоа е фудбалер кој одби да тренира и да игра за Рома. Јас можам да им верувам само на фудбалери кои веруваат во проектот на Рома“, изјави Мурињо.

Понудата на Борнмут и понатаму е во опција, а со ова Жозе Мурињо му стави до знаење на Заниоло дека нема да добива минутажа доколку остане на „Олимпико“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови