Connect with us

Полска е последен патник на ЕВРО 2024, Шчешни е херојот (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Полска е последниот патник на ЕВРО 2024. Роберт Левандовски и компанија се квалификуваа по голема драма и изведување пенали во Кардиф. По 120 минути немаше голови на дуелот меѓу Велс и Полска, а херој е голманот Војчех Шчешни, кој одбрани пенал во петтата серија.

Шчешни го скроти ударот на Даниел Џејмс и Полска славеше на пенали со 5-4. Претходно, сите изведувачи беа сигурни реализатори на ударите од белата точка.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови