Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев стави крај на репрезентативната кариера на Европското првенство. Мечот против Холандија беше негов последен во дресот со националниот грб, а Холанѓаните му дадоа пригоден подарок, дрес со бројот на настапите во македонската селекција – 122.
„Им благодарам на Холанѓаните за прекрасниот подарок, ќе го паметам тоа цел живот. Во Амстердам ми подарија дрес, цела публика стана на нозе да аплаудира. Нешто што ќе го паметам до крај на животот. Среќен сум и горд што ставив крај на репрезентативните настапи на таков начин и на големата сцена“, изјави Горан Пандев.
Италијанскиот калчолигаш Џенова е во очекува на потпишување на нов едногодишен договор со Горан Пандев.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski