Езгјан Алиоски би можел да биде фудбалер на Лидс Јунајтед и следната сезона бидејќи не покажа знаци на збогување со фановите на последниот меч од сезоната во премиер – лигата. Директорот на Лидс, Виктор Орта, призна дека сè уште не знае каква ќе биде одлуката на Алиоски иако тој има понуда за продолжување на соработката.
Договорот на македонскиот репрезентативец истекува за нешто повеќе од четири недели, а тој не покажа знаци дека заминува, заедно со Гаетано Берарди и Пабло Хернандез.
Немало знаци на збогување од Алиоски ниту на церемонијата на доделувањето на клупските награди за измнинатата сезона, а директорот Виктор Орта е посебно сентиментален кон Џани, затоа што двајцата пристигнаа заедно на „Иланд Роуд“ во 2017 година.
„Џани, започнавме заедно. Не знам што ќе се случи. Четири години сме заедно. Се случија многу работи. Подеми и падови. Горд сум што ми беше првиот потпис“, изјави Виктор Орта.
Македонскиот репрезентативец се приклучува на подготовките на националниот тим за Европското првенство, а најверојатно потоа ќе одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski