Connect with us

Новата бразилска ѕвезда Ендрик донесе триумф за „кариоките“ на „Вембли“ (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Бразил ја победи Англија на „Вембли“ со 0-1 во пријателскиот натпревар што предизвика големо внимание. Новата млада ѕвезда Ендрик, фудбалер на Палмеирас кој на лето доаѓа во Реал Мадрид, го постигна победничкиот гол за „селесао“.

По акцијата на Винисиус Жуниор, откако Пикфорд ја одби топката, Ендрик во 80.минута го постигна својот дебитантски погодок за сениорскиот национален тим на Бразил.

Герет Саутгејт на овој меч не можеше да смета на Хари Кејн поради повреда.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови