Connect with us

Најголема маана на Французите е што имаат и премногу талент во тимот

Французите, актуелни светски шампиони, ќе играат во „групата на смртта“ со Португалија, Германија и со Унгарија. Со враќањето на Карим Бензема, селекцијата на „триколорите“ доби уште едно неверојатно офанзивно оружје, а поранешниот француски репрезентативец Кристијан Карембе вели дека единствена маана на овој тим на Дешамп е што има и преголем талент во своите редови.


„Гледам само позитивни работи. Враќањето на Бензема е добро за тимот. Тие веднаш најдоа хемија, движењето е течно. Мислам дека тимот е во добра форма, а имаме одлични фудбалери на секоја позиција. Но, исто така е и точно дека Дешамп ќе се бори со суети затоа што има премногу талент во репрезентацијата”, анализира Карембе.


Членот на шампионската генерација од 1998 година, Лоран Блан, ја коментираше тешката група Ф во која се наоѓаат Французите.


„Светските шампиони мораат да бидат фаворити. Во групата ја имаме Португалија, актуелен европски шампион, но сигурен сум дека Дидие знае како да мине низ групата. Франција би била фаворит и без Бензема. И кога додавате одлични играчи во тимот, секогаш е добро. За него е добро на личен план и се надевам дека Франција ќе игра добро на ЕУРО во однос на квалитетен фудбал и победа и дека можат да го освојат турнирот “, рече поранешниот француски капитен Лоран Блан.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови