Connect with us

Моријасу: Штом технологијата потврди, голот на Јапонија е регуларен

Селекторот на Јапонија, Хаџиме Моријасу, беше воодушевен од успехот од 2-1 над Шпанија и пласманот на неговата репрезентација во осминафиналето на Светското првенство. Тој смета дека неговиот тим го надигра противникот и заслужено го доби овој натпревар.


Во продолжение, тренерот ја коментираше и спорната ситуација со вториот гол, каде останаа сомнежите дали топката не го напушти теренот, но Моријасу и верува на технологијата, која вели дека голот е регуларен.


„Оваа победа ја посветуваме на народот на Јапонија. Тоа беше победа постигната со упорност и напорна работа. Тимот не се предаде и заслужено продолжи понатаму. Мислам дека Јапонија беше подобрата селекција, и во првото полувреме и во вториот дел. Игравме за победа и ја добивме поради таа ситуација со вториот гол. Сега има фантастична технологија, па ако топката излезеше во аут, немаше да го потврдат голот“, изјави Моријасу.


„Не ни беше грижа што Шпанија ја чуваше повеќе топката на крајот од натпреварот бидејќи нашата цел беше да најдеме простор зад нивната одбрана. Немавме топка, но имаме брзина. Шпанија брзо ја движеше топката, но ние останавме на нашиот план и успеавме да направиме неколку опасни напади и да го контролираме натпреварот. Бевме мотивирани и од женската репрезентација која стана светски првак. Тие покажаа упорност и верба и ние го следиме нивниот пример“, додаде селекторот на Јапонија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови