Connect with us

Младите фудбалери до 19 години со голем триумф над Полска (ВИДЕО)

Младата фудбалска репрезентација на Македонија на фантастичен начин, со победа над домаќинот Полска го стартуваше квалификацискиот турнир за фудбалери до 19 години.


Избраниците на селекторот Тони Јакимовски одиграа одличен меч и успеаја да остварат многу важна победа над домаќинот, селекцијата на Полска, во рамките на првото коло од квалификацискиот турнир.

Противникот немаше идеја за нашата добра игра, имаа досуден пенал во своја корист, но не успеаја да го реализираат. На крајот Македонија сосема заслужено славеше триумф од 2-0.

Никола Величковски погоди во 12. минута за предност на Македонија од 1-0. Конечните 2-0 беа дело на Мухамед Елмас во 70. минута.

Во второто коло, кое е на програмата на 14. октомври во 15:30 часот, играме против моќната репрезентација на Германија.

Македонија: Џеков, Стојилевски, Марковски, Џеков, Бамијоко, Зенделовски, Фета, Елмас, Ѓорѓиевски, Величковски;

Селектор: Тони Јакимовски;

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови