Connect with us

Микел Артета на клупата на Арсенал до 2025 година

Англискиот премиерлигаш Арсенал го продолжи договорот со актуелниот менаџер Микел Артета до јуни 2025 година. Шпанскиот стратег имаше многу проблеми во текот на оваа сезона, но, сепак, успеа да го доведе тимот до позициите кои водат во Лигата на шампионите. Тоа би бил голем успех за „топчиите“.


Артета дојде на „Емирати“ во 2019 година, а раководството му понуди продолжување на соработката до 2025 година.

„Кога водевме разговори со раководството на клубот, увидовме дека имаме исто размислување. Сакаме Арсенал да го вратиме на тоа врвно ниво, да биде конкурентен да се натпреварува и да победува против најдобрите тимови во Лигата на шампионите. Имаме уште многу работа, но мислам дека сме на вистинскиот пат. Мора да го развиваме тимот и да се подобриме во сите сегменти, но среќен сум што овде на „Емирати“ има голем фудбалски потенцијал. Среќе сум што ќе бидам дел од ова семејство и во наредниот период“, изјави Микел Артета.

Арсенал на четири кола до крајот на шампионатот во Премиер – лигата се наоѓа на четвртата позиција со 63 бода, а во претстојното коло го пречекува Лидс Јунајтед на домашен терен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови