Connect with us

Мбапе: Не ме интересира да бидам најдобар стрелец, туку да го освојам Мундијалот со Франција

Херојот на Франција во осминафиналето против Полска (3-1), Килијан Мбапе, постигна два гола и собори голем број рекорди, освојувајќи ја и наградата за играч на натпреварот.


„Многу сме среќни што стигнавме до четврт-финалето, не беше лесен натпревар, играме против силен тим. Но, дадовме голови во клучните моменти. На крајот победивме и многу сме среќни што ја продолжуваме авантурата на Светското првенство“, започна Французинот.

Тој потенцира дека е фокусиран единствено на трофејот. Досега постигна пет гола, мо

„Светското првенство е натпреварување од моите соништа, ја темпирав мојата сезона за овој настан. Но, се уште сме далеку од целта што си ја поставивме. Ќе направиме се што е можно да ја одбраниме титулата. Не размислувам за „Златната топка“. Мојата единствена цел е да го освојам Светското првенство. Тоа е мојот единствен сон – дојдов овде да го освојам Мундијалот, а не „Златната топка“ или титулата за најдобар стрелец. Тука сум да победам и го водам францускиот тим до пехарот“, истакна Мбапе.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови