Connect with us

Лајпциг ја доби битката за ЛШ против Борусија Дортмунд (ВИДЕО)

Лајпциг направи голем чекор напред кон пласман во Лигата на шампионите откако ја совлада Борусија Дортмунд со 4-1. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас остана на клупата за резерви и не доби шанса за настап на овој меч.

Џејдон Санчо во 20.минута ги доведе „милионерите“ во водство, но брзо израмни Лоис Опенда во 23.минута. Бењамин Шешко во последните мигови од првиот дел се погрижи за пресврт, а во второто полувреме погодија и Симакан и Баумгартнер.

Баерн Минхен го победи Ајнтрахт Франкфурт со 2-1. Хари Кејн во деветтата минута обезбеди предност за Баерн, но израмни Хуго Екитике во 23.минута. Сепак, Кејн од пенал донесе триумф со голот во 61.минута од дуелот.

Вердер го победи Аугсбург на гости со 0-3, а Волфсбург славеше против Фрајбург со 1-2.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови