Connect with us

Клоп по караницата со Салах: Не можам да ви откријам што си кажавме (ВИДЕО)

Вест Хем и Ливерпул во Лондон одиграа 2-2 во 35. коло од Премиер – лигата. Домаќинот поведе со голот на Џеред Боувен во 43. минута, Ливерпул направи пресврт преку Ендрју Робертсон во 48.минута и автогол во 65. минута, додека напаѓачот на Вест Хем, Микаел Антонио во 77. минута погоди за ново израмнување и конечен резултат.

Mенаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, направи тројна замена две минути откако го прими вториот гол. Меѓу другите, во тој момент во игра влезе и најголемата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах. Иако сѐ уште не беше стапнал на теренот, Египќанецот очигледно успеал да влезе во жестока расправија со Клоп, што камерите го уловија.


Клоп ја коментираше играта, но и караницата со Салах.

„Можеше само еден тим да победи на овој натпревар, а тоа бевме ние затоа што создадовме многу повеќе шанси. Беше тежок натпревар. Мислам дека момците одиграа многу добро, но примивме гол од ништо. Водевме, но не издржавме. Дадовме сѐ од себе во последните четири недели.

Ми пречи кога ги креваме рацете нагоре и се чувствуваме разочарани откако пропуштивме добра шанса. Тие шанси се најблиску до целта. Мора да бидеме попозитивни и да ги повториме таквите акциите. Така се постигнуваат голови“, изјави менаџерот на Ливерпул.

„Не можам да ви кажам што си кажавме јас и Салах. Но, разговаравме во соблекувалната и за мене таа приказна е завршена. Добив впечаток дека така смета и ој. Трката за титулата? Сакам да зборуваме за другите натпревари што требаше да ги добиеме, само треба да се подготвиме за следниот натпревар“, заклучи Клоп.

Египќанецот исто така не сакаше да открие дел од караницата.

„Ќе има пожар денеска ако ви кажам што зборувавме“, изјави Салах.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови