Connect with us

Мбапе го пропушта мечот против Баерн во ЛШ?

Пари Сен Жермен го победи Монпелје со 1-3, но го загуби Килијан Мбапе поради повреда, и тоа најверојатно за малку подолг период. Напаѓачот се пожали на повреда на коленото и беше заменет по дваесетина минути, откако не успеа да реализира пенал и промаши празен гол.


Повредата на Мбапе, како што тврди „Л’Екип“, воопшто не е наивна и тој многу веројатно ќе го пропушти првиот осминадинален меч од Лигата на шампионите против Баерн Минхен.

Деталните лекарски прегледи допрва ќе следат, но јасно е дека Мбапе нема да игра на саботниот меч со Тулуз, на куп-дуелот со Олимпик Марсеј, како и на мечот против Монако. Првичните проценки на лекарскиот тим на ПСЖ се дека тој ќе отсуствува три седмици.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови