Connect with us

Мбапе го надмина Ибра според головите за ПСЖ

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, се најде на второто место на вечната ранг-листа на клубот на сите времиња. Голот на Мбапе против Реал Мадрид синоќа на „Сантијаго Бернабеу“ беше негов 157.погодок за ПСЖ. На овој начин зад себе го остави Златан Ибрахимовиќ кој за францускиот гигант постигна 156 гола.

„Број 1“ меѓу стрелците на клубот од Париз е Единсон Кавани со точно 200 гола.


Мбапе е веќе трет меѓу Французите со најмногу голови во Лигата на шампионите. Тој стигна до котата 33, и е пред Давид Трезеге. Пред него се само Карим Бензема (76) и Тиери Анри (51).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови