Connect with us

Манчестер јунајтед постави негативен рекорд по примени голови на домашен терен

Манчестер јунајтед загуби од Ливерпул со 2-4 на „Олд Трафорд“ во 34. коло од Премиер-лигата. Тимот на Оле Гунар Солскјер оваа сезона досега прими 27 гола на домашен терен. Ова е најлош резултат на тимот во клупската историја.


Претходниот негативен рекорд беше поставен во сезоната 1971/72, кога Манчестер јунајтед прими 26 гола на домашен терен.


На две кола пред крајот на првенството, Манчестер Јунајтед има 70 бода и се наоѓа на второто место на премиерлигашката табела. Нов првак е градскиот ривал Манчестер сити со 80 бода и натпревар помалку.
Во зоната која носи учество во Лигата на шампионите следната сезона, се наоѓаат и Лестер со 66 и Челзи со 64 бода. Шанси има и Ливерпул кој во моментов е петтопласиран со 60 бода, но и натпревар помалку од конкурентите за четвртото место.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови