Connect with us

Манчестер Јунајтед ја зголеми понудата за Френки де Јонг

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед се надева дека до крајот на оваа седмица ќе го финализира трансферот на Френки де Јонг. „Црвените ѓаволи“ ги засилиле преговорите со Барселона нудејќи фиксна сума од 65 милиони евра, плус бонуси од 10 милиони. Претходната понуда на англискиот клуб вредна 60 милиони евра веќе е одбиена.


Од „Олд Трафорд“ се оптимисти дека овојпат ќе се постигне договор и Барса ќе каже „да“. Дури и да се случи тоа, не е јасно дали самиот играч ќе биде подготвен да игра за Манчестер Јунајтед, со оглед дека следната сезона нема да биде дел од ЛШ.

Френки де Јонг истакна дека е среќен во Барселона и му се допаѓа стилот на игра на тимот под водство на Чави Хернандез. Барселона како дел од пакетот го побарала Хари Мегваер, но добила негативен одговор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови