Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година во Анталија денеска (15.30 часот) го игра третиот натпревар од пријателскиот турнир. По поразот од Казахстан и ремито со Словачка, за избраниците на Благоја Милевски ова е трета и последна проверка на формата на турнирот.
„Овие натпревари се последен филтер за тоа како ќе изгледа тимот во квалификациите за Европското првенство. Нашата цел е да добиеме точна претстава за квалитетот на секој фудбалер, а на нив останува дали ќе заслужат место во тимот на јунските квалификации“, изјави селекторот Благоја Милевски уште на стартот од турнирот.
Ова е нова генерација, Милевски треба низ овие три натпревари да го селектира најдоброто и да ја подготви селекцијата до 21 година за искушенијата во квалификациите за ЕП.
На првите два меча, Македонија загуби со 2-1 од Казахстан и ремизираше (2-2) против Словачка. Трет предизвик е денешниот дуел против Бугарија.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski