Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години загуби со 1-2 од Србија во првиот меч од квалификацискиот турнир кој се одржува во Скопје. Селекцијата на Неџат Шабани имаше два гола негатива, а во завршницата само успеа да намали со голот на Шабан Зенку во 86.минута.
Марко Лазетиќ беше двпен стрелец за Србија на овој дуел. Тој го отвори резултатот од пенал во 35.минута, а потоа зголеми на 0-2 во 80.минута од мечот.
Во групата 10 се наоѓаат уште и репрезентациите на Норвешка и на Сан Марино.
Во второто коло од мини квалификациите, на 20 ноември, избраниците на селекторот Неџат Шабани ќе играат против Норвешка
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski