Connect with us

Македонија беше подобра, но Јоветиќ погоди за водство на Црна Гора по првиот дел (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија има негатива (0-1) против Црна Гора по првото полувреме на пријателскиот натпревар што се игра во Анталија. Во 45.минута, Стеван Јоветиќ со удар со глава по корнерот од десната страна ја погоди мрежата на Столе Димитриевски.

Македонија беше за нијанса подобар противник во првиот дел, создаде неколку поизгледни можности пред противничкиот гол, но, сепак, Црногорците се во водство.

Елиф Елмас во 12.минута испрати силен и прецизен удар, но црногорскиот голман успеа да одбрани. Потоа Енис Барди двапати се обиде од далечина, но не беше прецизен.

На истекот на првиот дел, Јоветиќ сепак донесе предност за селекцијата на Црна Гора.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови