Connect with us

Ливерпул го исполни сонот на Свен Горан Ериксон

Популарниот тренер од минатото Свен Горан Ериксон го оствари својот голем сон да го води Ливерпул како менаџер барем на еден натпревар. Тоа се случи на хуманитарниот егзибициски натпревар помеѓу познатите „црвени“ од минатото и оние на Ајакс. На „Енфилд“, Ливерпул победи со 4-2 откако направи пресврт од 0-2.


Во јануари, 76-годишниот Ериксон ја објави застрашувачката вест дека има рак во терминална фаза и во најдобар случај само уште една година живот. Швеѓанецот тогаш откри дека отсекогаш бил поддржувач на Ливерпул и дека еден од неговите соништа во животот бил да биде менаџер на тимот. Ова предизвика бурни реакции кај навивачите на „црвените“, кои преку социјалните мрежи го повикаа клубот да направи сѐ за да го оствари сонот на поранешниот англиски селектор. Им се придружи и легендата на клубот Роби Фаулер. Ериксон го предводеше тимот заедно со клупските легенди Јан Раш, Џон Барнс и Џон Олдриџ.

Во домашниот тим се појавија Стивен Џерард (капитен), Фернандо Торес, Сами Хипија, Јиржи Дудек, Дирк Кајт, Даниел Агер, Мартин Шкртел и други. Кај гостите блескаа и Јари Литманен и Рајан Бабел, Рафаел ван дер Варт, Едгар Давидс, Кики Мусампа, Роналд де Бур.

Полниот „Енфилд“ го пречека Ериксон како клупски херој и не престана да го бодри во текот на целиот натпревар.

На теренот, Ајакс поведе откако погодија Дерк Бурихтер (2′) и Кики Мусампа (43′). Домаќините стигнаа до победа со четири гола во второто полувреме , постигнати од Грегори Винал (55′), Џибрил Сисе (74′), Набил Ел Жар (80′) и Фернандо Торес (84′).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови