Connect with us

Лабуништа и со трето засилување зимава: Се врати Александар Далчески

Второлигашот Лабуништа го промовираше и свое трето засилување во јануарскиот преоден рок, досегашниот фудбалер на прволигашот Струга ТЛ, Александар Далчески.

28-годишниот Далчески претходно во својата кариера има настапувано за Охрид, Металург, Брегалница, но и во Лабуништа од каде се пресели во Струга ТЛ.

Претходно Лабуништа се засили и со младите фудбалери Сумер Хасан кој пристигна како позајмен фудбалер од Работнички, како и 20-годишниот Донарт Бајрами.

Од друга страна, Лабуништа ја напушти 19-годишниот Неџми Реџепи кој одлучи да се врати во Пелистер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови