Connect with us

Јувентус ги информира Реал Мадрид и Барселона дека ја напушта Суперлигата

Јувентус испратил писма до Реал Мадрид и до Барселона, со кои ги известиле двата шпански гиганти дека „бјанконерите“ започнале правна процедура за напуштање на Суперлигата.

Бирократскиот процес за кој станува збор ќе трае неколку недели, а клубот од Торино е убеден во нивната одлука да се откаже од храбриот проект за ново европско натпреварување.


Како што е познато, Јувентус, Реал Мадрид и Барселона се единствените три екипи кои досега ја бранеа идејата за создавање на Суперлигата. Првично, дури 12 врвни европски клубови се приклучија на оваа иницијатива, но за само 48 часа таа беше напуштена од Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул, Арсенал, Челси, Тотенхем, Атлетико Мадрид, Милан и Интер.


Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, до неодамна беше меѓу најсилните поддржувачи на стартот на Суперлигата, но по извесно двоумење, новото клупско раководство реши да се огради од предметниот проект.

Јувентус е под истрага од Европската централна банка за кршење на финансискиот фер-плеј и му се заканува петгодишна забрана за учество во европските натпреварувања.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови